АНДОНОВСКИ, Сотир

АНДОНОВСКИ, Сотир (Крчишта, Костурско 1918 – 1985) – деец на македонското ослободително движење. Учесник во антифашистичката борба (1943–1945), заменик командант на Костурскиот баталјон во Каракамен и командант на баталјон во Првата ослободителна бригада од Егејскиот дел на Македонија. ЛИТ.: Р. Кирјазовски, Македонски национални институции во Егејскиот дел на Македонија (1941–1961), Скопје, 1987. Ст. Кис.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.