АНГЕЛОВСКИ, Петар

АНГЕЛОВСКИ, Петар (с. Луково, Кратовско, 16. IX 1943 – Скопје, 1999) – хидробиолог. Основното образование го завршил во Злетово, а средното во Струмица. Во 1964 г. се запишал на Природно-математичкиот факултет во Скопје, каде што дипломирал (1968). Истата година е избран за асистент. Магистрирал во 1976 г., а докторирал во 1980 г., кога е избран за доцент. Во 1986 е избран за вонреден професор, а во 1992 г. за редовен професор. Извесно време престојувал во Хидробиолошката лабораторија во Загреб и во Институтот за биолошки истражувања „Синиша Станковиќ” во Белград. Се занимавал со хидробиологија на копнените води, потесно со таксономијата и екологијата на хирономидната фауна. Објавил дваесетина научни трудови. Д. Пр.

2019-01-05T18:11:42+00:00 0 коментари