АНГЕЛОВСКИ, Владимир

АНГЕЛОВСКИ, Владимир (Дади) (Скопје, 22. Ⅴ 1946) – актер во Драмскиот театар од 1967 г. Особено се истакнува како толкувач на ликови во комедии и претстави за деца, како на театарската сцена така и во ТВ серии и емисии. Улоги: Ход де Болт („Две врчви вода”); Пејо („Солунски патрдии”); Јанкула („Јане Задрогаз”). Чест гостин е на естрадата, посебно во програми од ревијален карактер. Р. Ст.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.