АНГЕЛИ

АНГЕЛИ (1185–1204) – византиска фамилија и владејачка династија. Основач бил Константин Ангел, кој се оженил со најмалата ќерка на Алексиј Ⅰ Комнин. Неговиот внук Исак Ⅱ Ангел (1185– 1195) ја приграбил царската круна. По него, без некој поголем углед, владееле Алексиј Ⅲ (1195– 1203) и Алексиј Ⅳ (1203–1204). Михаил Ⅰ Ангел (1204–1214) ја основал епирската држава, а неговиот наследник Теодор Ⅰ Ангел (1214–1230) го освоил Солун (1224) и се прогласил за император. Ангели владееле во Епир и во Тесалија до 1318 г. ЛИТ.: Г. Острогорски, Успон рода Ангела, Сабрана дела Георгија Острогорског, књ. Ⅲ, Београд, 1970. К. Аџ. АНГЕЛКОВ, Борис Атанасов

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.