/АНГЕЛЕВСКИ, Томе Петров

АНГЕЛЕВСКИ, Томе Петров

АНГЕЛЕВСКИ, Томе Петров (с. Лавци, Битолско, 19. Ⅻ 1915 – Скопје, 9. Ⅱ 2001) – ветеринар, универзитетски професор. Докторирал на Вет. ф. во Белград (1955). Редовен професор и декан на Земјоделскиот факултет во Скопје. Објавил 86 научни и стручни трудови и две брошури. Носител е на „Партизанска споменица 1941”. М. Д. – Ј. Б.

2019-01-05T18:11:41+01:00 0 коментари