АНАСТАСОВ, Иван Глигоров

АНАСТАСОВ, Иван Глигоров (Кавадарци, 23. Ⅶ 1908 – Скопје, 18. Ⅻ 1979) – унив. професор, радиолог. Мед. ф. завршил во Бел-град (1934), работел во с. Драчево (1935), а потоа во Хигиенскиот завод во Скопје. Специјализацијата по радиологија ја започнува во 1939 г. во Државната болница во Скопје, а ја завршува во 1942/43 во Софија како прв специјалист-радиолог во Македонија. Од 1944 г. е началник на РДГ одд. во Државната болница; од 1947 основач и в.д. директор на Институт за рентгенологија, а од 1956 примариус. Организира курсеви за рдг–техничари, изведува настава по радиологија на Мед. ф. и организира соработка со други институти во СФРЈ. Од 1969 е дописен член на Секцијата за радиологија на Француското лекарско здружение. Сл. М. П.