АНАСТАСОВСКИ, Петар

АНАСТАСОВСКИ, Петар (Скопје, 16. XI 1930 – Скопје, 26. Ⅹ 2004) – физичар, ред. проф. (1979) на Техн.-мет. ф. Дипломирал (1959) и докторирал (1965) на ПМФ со темата „Феритна микробранова леќа со променливо фокусно растојание и Доплеровиот ефект со виртуелен извор на електромагнетно зрачење”. Специјализирал во шведската фирма Ериксон и на универзитетот во шефилд. На ПМФ го вовел предметот Електроника. Предавал за високофреквентна плазма, ласери и нивната примена на универзитетот во Њукасл и Чико, Калифорнија. Тој е автор на: „Тхеорѕ оф магнетиц анд елецтриц сусцептибилитиес фор оптицал фрељуенциес” и „Љуантум масс тхеорѕ цомпатибле њитх љуантум фиелд тхеорѕ” (со Т. М. Бенсон), Нова Сциенце Публисхерс, Нењ Ѕорк, 1990, односно 1995; „Суперлуминарѕ релативитѕ релатед то нуцлеар форцес анд струцтурес”, Цултурал Лифе, Скопје, 1998 и „Филозофија или сциентизам”, Македонска книга, Скопје, 1989. Како прв претседател на Комитетот за енергетика на СРМ (1979–1982) ја организирал неговата работа и влијаел на развојот на Македонија на тој план. Бил советник во Институтот за нуклеарни науки во Винча (Србија) и декан на Техн.-мет. ф. во Скопје (1973–75). ЛИТ.: 60 години Природно-математички факултетСкопје, Скопје, 2006, стр. 196. В. Ур.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.