АНАНИЈ

АНАНИЈ (Цариград, ⅩⅤⅠⅠⅠ в.) – охридски архиепископ (мај-јуни 1763). Како јеромонах, бил велик протосингел на Цариградската патријаршија. По смртта на архиепископот Јеремиј, неговиот избор за охридски архиепископ бил наметнат од цариградскиот патријарх Јоаникиј Ⅲ Караџа и востоличен во цариградската црква „Св. Георги”. Но охриѓани одбиле да го примат и веднаш бил разрешен. ЛИТ.: Иван Снегаров, Истори® на Охридската архиепископи®, т. 2. Од падането $ под турците до неЅното униçожение (1394–1767), Софи®, 1931; Славко Димевски, Историја на Македонската православна црква, Скопје, 1989. С. Мл.

2019-01-05T18:11:41+01:00 0 коментари