АНАЕРОБНИ ФУНГИ – микроорганизми што живеат во отсуство на кислород издвоени од руменот на преживари во РМ. Анаеробните фунги во светот се изолирани во најмалку 19 земји од бројни преджелудечно и крајножелудечно ферментирачки хербиворни цицачи. Првичните резултати од истражувањата покажуваат дека и во нашата земја се присутни анаеробни фунги како составен дел од нормалната микрофлора на преживарите. Со користење на анаеробни техники се изолирани како мешани, така и чисти, аксенични култури од анаеробни фунги. Добиени се триесет изолати од чисти култури. Со тоа и нашата земја се приклучува кон листата на земјите во кои е откриено присуство на анаеробни фунги. Ⅹ. К.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.