//АНАЕРОБЕН ЛАГУНАРЕН СИСТЕМ

АНАЕРОБЕН ЛАГУНАРЕН СИСТЕМ

АНАЕРОБЕН ЛАГУНАРЕН СИСТЕМ. Прв анаеробен лагунарен систем во Македонија за третман на отпадни води од сточарско производство е изграден од свињарската фарма лоцирана во близина на селото ’Ржаничино, Скопско. Системот се состои од четири земјени лагуни: една анаеробна, две факултативно-анаеробни и една акумулација. Со изградбата на системот се решава проблемот на загадување. Степенот на прочистување на отпадната вода е поголем од 85%. Овој систем постигнува висока продукција и на биогас. Просечно се произведува околу 0,218 м 3/свиња/ден биогас, односно просечна годишна продукција од 0,41 32 м /м /ден биогас. Ⅹ. К.

2019-01-05T18:11:40+00:00 0 коментари