АМФИТЕАТРАЛНИ ИГРИ ВО МАКЕДОНИЈА

Античкиот театар во Охрид

АМФИТЕАТРАЛНИ ИГРИ ВО МАКЕДОНИЈА. Се одвивале во големите градови во рамките на античките театри по доаѓањето на Римјаните. Во Стоби и Скупи оркестрите служеле како арена, со подигање заштитна ограда или ѕид поставен во првиот ред од гледалиштето. Во Хераклеја, уште при градењето на театарот, била планирана двојната намена: за изведување театарски претстави и за амфитеатрални игри, со инкорпорирање на кафези за животни во рамките на гледалиштето. Како во Хераклеја така и во Лихнид оркестрата имала двојна улога, само што таа веројатно во Хадријаново време била проширена со рушење на првите девет седишта, кога е подигнат цврст ѕид спрема гледалиштето и во него се поставени кафези за животните. Се смета дека во Македонија се прифатени во оваа забава само „венатионес” игрите, односно борбата на гладијаторите со животни. В. Б.-Гр. Александар Валентинович Амфитеатров

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.