АЛИ, Фахри

АЛИ, Фахри (Фахри Али) (Скопје, 9. Ⅵ 1948) – поет, есеист, критичар, преведувач од турската етничка заедница. Завршил средно образование. Работел како уредник во весникот „Бирлик” при НИП „Нова Македонија”. Студирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Од 1970 година почнува да работи како новинар во Редакцијата на „Бирлик” во Скопје. Бил одговорен уредник на детските списанија „Севинч” и „Томурџук” и уредник на литературното списание „Сеслер”. Беше претседател на Културно-уметничкото друштво „Орхан Вели” во Скопје. Член е на ДПМ (од 1978). Поет на егзи-Фахри Али стенцијалните прашања и дилеми на човекот и светот. Кратките поетски форми се градат над искуствата од источната мудрост и неретко се искри на мудроста. ДЕЛ: Мангал, Ск., 1973; Со две срца, Ск., 1978; Потковица, Ск., 1984; Остра стрела на слободата, Ск., 1989; Водата стежна, Ск., 1991; Неоткинато од карпа, Ск., 1995; Окото на маката, Ск., 1997; Еволуционо течам, Ск., 1999; Делба на осаменоста, Ск., 2003; стихозбирка за деца Детски ветрови, Ск., 1993. В. Тоц. и А. Аго

2019-01-05T18:11:39+01:00 0 коментари