АЛИ-ПАшА ЈАНИНСКИ

АЛИ-ПАшА ЈАНИНСКИ (Тепеделенли; Тепелена) (1741 – 5. Ⅱ 1822) – османлиски феудалец од албанско потекло, паша на Јанина, а потоа одметник од централната османлиска власт и независен владетел. По верното подаништво на султанот Селим Ⅲ, се осамостоил и се прогласил за независен владетел на Албанија, Епир и Мореја (Пелопонез) (1803), а потоа ја проширил својата власт и во Македонија, Тесалија и Грција. Поради суровоста во управувањето, влегол во народната традиција како беспримерен зулумќар. Воспоставил дипломат-ски врски и влегол во преговори со Наполеон И, а потоа и со Англија. По двегодишна војна со султанот Махмуд Ⅱ, со измама бил заробен и убиен. ЛИТ.: Охрид и Охридско низ историјата, книга втора. Од паѓањето под османлиска власт до крајот на Првата светска војна, ИНИ, Скопје, 1978; Александар Матковски, Отпорот во Македонија во времето на турското владеење, том Ⅳ. Буни и востанија, „Мисла”, Скопје, 1983. С. Мл.

2019-01-05T18:11:39+01:00 0 коментари