АЛИНСКА БИТКА

АЛИНСКА БИТКА . (с. Алинци, Прилепско 6. XI 1912) – битка помеѓу српската и отоманската војска во Првата балканска војна. Во неа учествувале и Македонци како дел од српските воени единици. Отоманските сили биле приморани да се повлекуваат преку Црна Река кон Битола. Во борбите српската војска загубила 1.378 војници, а турската војска околу 500 војници. ЛИТ.: Милутин Лазаревиќ, Српско-турски рат 1912 године, к. Ⅲ, Београд, 1931. В. Ст. Али-Паша Јанински

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.