/АЛЕКСОВ, Ацо

АЛЕКСОВ, Ацо

АЛЕКСОВ, Ацо (Струмица, 3. XI 1932) – артист и режисер. Основно и средно образование завршил во родниот град, а Театарска академија (Оддел за актери) во Бел-град (1953-1958). Првин бил актер и режисер на Струмичкиот театар, каде што ја формирал Малата експериментална сцена, а потоа асистент на филмска режија во Вардар-филм во Скопје (1959-1961) и телевизиски режисер во МРТВ. ЛИТ.: Ристо Стефановски, Театарот во Македонија од партизанскиот до младинско-детскиот, Скопје, 1998. С. Мл.

2019-01-05T18:11:38+01:00 0 коментари