АЛЕКСОВСКИ, Душко

АЛЕКСОВСКИ, Душко (с. Тополовиќ, Кратовско, 1948) – филолог, професор по француски јазик. Основно училиште и гимназија завршил во Кратово, а Филозофски факултет (Романска филологија) во Скопје. Првин работел како професор по француски јазик во Кратово, а потоа магистрирал (1976) и докторирал на Универзитетот Франц Конте во Париз на тема „Ромен Ролан во Југославија”. Во Кратово формирал Друштво за наука и уметност и Македонски центар за карпеста уметност (1992). БИБ.: Загинаа за да живеат, Кратово, 1985 (со коавтор); Странските зборови во Кратовскиот регион, Кратово, 1985; Топонимијата на Кратовскиот регион, Кратово, 1986; Врските на Ромен Ролан со Југославија, Кратово, 1986; Д-р Павел шатев во народните песни, Кратово, 1995. ЛИТ.: Б. Бурназовски, Почетоците на светската писменост. Значајни археолошки истражувања. „Нова Македонија”, ЏЛВИИИ, 16317, Скопје, 26. Ⅵ 1992, 10-11. С. Мл. АЛЕКСОВСКИ-КАРЧЕ, Борис

2019-01-05T18:11:38+00:00 0 коментари