АЛЕКСОВСКИ, Васил

АЛЕКСОВСКИ, Васил (с. Дреновени, Костурско, 1911 – с. Требеница, Костурско, 4. Ⅲ 1944) – деец на македонското националноослободително движење. Бил член на ОКНЕ (1933) и на КПГ (1936) и нејзин пратенички кандидат за парламентарните избори (1936). Поради комунистичката дејност бил уапсен (1939), а како воен обврзник, учествувал во Грчко-италијанската војна (19401941). По фашистичката окупација, подготвувал радиовести и се залагал за формирање македонски партизански одреди. Бил секретар на ЕАМ во реонот на Вишени-Горенци, Костурско (јули 1943), еден од основачите и член на Обласниот комитет на СНОФ во Костурско (декември 1943) и секретар на Обласниот комитет за Вишени-Горенци. Бил убиен од бугарската полиција. Опеан е во народната песна. Лит.: Д-р Ристо Кирјазовски, Демократски и антифашистички партии и организации во Егејскиот дел на Македонија 1941-1945, ИНИ, Скопје, 1991; М-р Лилјана Пановска, Теророт во Егејскиот дел на Македонија под германско-италијанска окупација (1941-1945), ИНИ, Скопје, 1995. С. Мл.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.