АЛЕКСОВА, Рајна

АЛЕКСОВА, Рајна (Битола, 25. Ⅻ 1882 – Битола, 23. Ⅱ 1959) – фармацевт. Дипломирала на Фарм. ф. во Лозана (17. Ⅶ 1906), како прва жена фармацевт во Македонија. Работела во фамилијарната аптека лоцирана на „широк сокак” во Битола (постојат аптекарски дневници од 1883 до 1930 г.) сћ до пензионирањето (1944). ЛИТ.: П. Бојаџиевски, Здравството во Битола низ вековите, Битола, 1992. П. Б.