АЛЕКСИЌ, Василка Димитрова

АЛЕКСИЌ, Василка Димитрова (Прилеп, 30. XI 1938) – редовен професор (1987) на ПМФ (Институт за хемија). Дипломирала (1961) како првенец на генерацијата на Групата за хемија на ПМФ и докторирала (1974) исто така на ПМФ во Скопје. Држела настава по повеќе предмети за студентите по хемија, но и на други факултети во Скопје и во Врање. Научната работа $ е од областа на органската синтеза. Своите трудови (околу 40) ги објавувала главно во домашни списанија и во зборници. На научни собири презентирала 40 соопштенија. Била продекан на Хемискиот факултет. Во пензија од 2001 г. ЛИТ.: Природно-математички факултетСкопје, 1946–1996, Скопје, 1996, 211; 60 години Природно-математички факултетСкопје, Скопје, 2006, 230. Б. ш. В. „Наша реч” / „Наш лист” / „Наш глас”, под редакција на Дејан Алексиќ (1939&1941)