АЛЕКСАНДРОВСКИ, Томи

АЛЕКСАНДРОВСКИ, Томи (Скопје, 12. Ⅲ 1955) – професор по физичка култура, мечувалец. Завршил Факултет за физичка култура во Скопје (1995). Бил член на Мечувачкиот клуб „Работнички” во Скопје. На јуниорските (1975–1978) и сениорските првенства на Југославија (1980– 1990) освоил 11 златни, 14 сребрени и 10 бронзени медали во поединечна и екипна конкуренција во меч, сабја и флорет. Успешно настапувал за југословенската репрезентација и на голем број меѓународни првенства и турнири. Бр. Р. Александар Алексиев