АЛБЕРТИ, Рафаел

АЛБЕРТИ, Рафаел (Рафаел Алберти) (Пуерто де Санта, 16. Ⅻ 1902 – 28. Ⅹ 1999) – поет, сликар, драм-ски автор, создава еден од најимпресивните и богати лирски опуси на современата шпанска поезија. Почнува со лириката на неопопуларизмот (Морнар на копно, 1924, Саканата, 1925, Зората на шебоите, 1925, За ангелите, 1928). Неговата поезија подоцна се свртува кон мотивите и темите на социјалната и политичката стварноста (песни за улицата и секојдневјето), а во текот на Граѓанската војна, тој е поет и борец на Републиката (песни за борбата, жртвата и верата). Живеејќи во политичка емиграција (Европа и Латинска Америка), тој пее за чемерната туѓина, лирика полна со носталгија и копнеж. Кога се враќа дома пречекан е како најголем жив поет на шпанија. Добитник е на Златниот венец на СВП (1978). БИБ.: Меѓу каранфилот и мечот, 1945; Плима, 1945; За сликарството, 1948; Враќање на животот далечно, 1954. ЛИТ.: М. Матевски, Рафаел Алберти, „Поезија”, Скопје, 1978. П. Гил.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.