//АКЦИОНЕН ЦЕНТРАЛЕН КОМИТЕТ

АКЦИОНЕН ЦЕНТРАЛЕН КОМИТЕТ

АКЦИОНЕН ЦЕНТРАЛЕН КОМИТЕТ (Софија, 1934 – Софија, 1936) – координатор и предводник на македонското прогресивно движење за протерување на врховистите од Националниот комитет, од раководствата на младинските, студентските, женските и илинденските друштва. Дејствувал за создавање единствен македонски ослободителен фронт за извојување сопствена независна македонска држава. Бил прогонуван од бугарските власти како огранок на ВМРО (Об). ИЗВ. иЛИТ.: ВМРО (Об) Централен партиски Архив. Фонд. 204; Историска вистина, Скопје, 1981. О. Ив.

2019-01-05T18:11:37+00:00 0 коментари