АКЦЕНТ

АКЦЕНТ (< лат. аццентус < ад цантус ‘приглас’ : грч. просóдиа) – би-тен елемент со кој еден јазик се диференцира како посебен идиом. Макед. а. е третосложен, паѓа на последните три слога, одн. мори, од крајот на зборот. Тој е динамичен, со силината на гласот врши разделувачка функција на зборовите и зборовните целини. Во основата лежи прастариот балкански ритам, но содржи и нешто специфично во звучењето и интонацијата. ЛИТ.: Бл. Конески, Граматика на макед. лит. ј., Ⅰ дел; П. Хр. Илиевски, Внатрешни и надворешни фактори во развојот на макед. третосложен акцент, „Лит. зб.”, 28/4, 1981, 35-42; Учество на грчко-роман. јазична средина во формирањето на макед. третосложен акцент, „Прилози”, МАНУ – ОЛЛН, 6, 2, 1981, 35-58. П. Хр. Ил.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.