АКТ НА СЕНАТОТ И НА ПРЕТСТАВНИЧКИОТ ДОМ НА КОНГРЕСОТ НА САД ЗА ДАВАЊЕ ПОМОШ НА ГРЦИЈА

АКТ НА СЕНАТОТ И НА ПРЕТСТАВНИЧКИОТ ДОМ НА КОНГРЕСОТ НА САД ЗА ДАВАЊЕ ПОМОШ НА ГРЦИЈА (Вашингтон, 22. Ⅴ 1947) – акт со сила на закон за давање финансиска и економска помош и за безбедносна заштита на Грција. Одржувањето на власт на монархистичката влада, загрозена од КПГ со организираното грчко противмонархистичко движење и масовизираното македонско национално движење во Егејскиот дел од Македонија, било претставено како прашање за опстанок на грчката држава, загрозувана и однадвор, од комунистичките држави Југославија, Бугарија и Албанија. Безбедносната заштита на Грција добива третман на прашање од витално значење за безбедноста на самите САД. ЛИТ.: Балкански уговорни односи, Ⅲ, Приредио М. Стојковиќ, Београд, 1999. М. Мин.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.