АКТ ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ГРАНИЦАТА МЕЃУ КНЕЖЕВСТВОТО БУГАРИЈА И ОСМАНЛИСКАТА ДРЖАВА НА ДЕЛОТ КОН МАКЕДОНИЈА

АКТ ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ГРАНИЦАТА МЕЃУ КНЕЖЕВСТВОТО БУГАРИЈА И ОСМАНЛИСКАТА ДРЖАВА НА ДЕЛОТ КОН МАКЕДОНИЈА (Цариград, 20. IX 1879) – договор на Европската комисија составена од претставници-комесари од Германија, Австро-Унгарија, Франција, Велика Британија, Русија, Италија и Османлиската Држава. Како составен дел на актот (од 14 члена) биле приложени скици. Границата поаѓала од српската граница, Црн Врв, Ѓуешево, северно од Горна Џумаја, јужно од Рилскиот манастир (кој $ се оставал на Бугарија), планината Дос-пат. Според Берлинскиот договор Македонија во нејзините природни и етнички граници останувала во Османлиската Држава. ЛИТ.: Македонија во билатералните и мултилатералните договори, Скопје, 2000. М. Мин.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.