АКТА

АКТА (Скопје, 28. Ⅶ 1953 – 1995) – списание, орган на Природонаучниот музеј на Македонија. Објавуваше прилози од областа на геата и таксономијата, биогеографијата и екологијата на флората и фауната на Македонија и другите делови на Балканскиот Полуостров. Првата редакција ја сочинуваа: Ханс Ем, Петар Т. Икономов, Роко Вуковиќ и Станко Караман. Во првиот број сепаратно е објавен трудот „Видови на флеботомини во Скопско” од Јорданка В. Кецкароска. До 1995 г. се објавени вкупно 19 тома со 159 сепарати. К. Бог.

2019-01-05T18:11:37+01:00 0 коментари