АКВЕДУКТОТ ВО СКОПЈЕ

АКВЕДУКТОТ ВО СКОПЈЕ

АКВЕДУКТОТ ВО СКОПЈЕ – бил долг 12 км, почнувајќи од каптажите кај с. Глуво, западно под Градиште с. Бразда и с. Горно Оризари, помеѓу Визбегово и шуто Оризари, под источната падина на ридот кај касарната „Илинден”, по должината на ул. „Дижонска” кон источното подножје на Скопското Кале. Во турско Акведуктот во Скопје (ⅩⅤⅠ в.) време ги снабдувал со вода бројните амами и џамии на средновековниот град Скопје. Зачуваниот дел го премостувал долот на р. Серава, северно од ридот на кој се наоѓа касарната „Илинден”. Сега тој е долг 386 м, со 55 масивно ѕидани арки (широки 4,5 – 5 м, високи до 6 м) и со две фази на пренос на водата. Првата фаза е ѕидан канал со четвртест пресек (0,8 х 0,9 м), а втората фаза се керамички цевки (долги 0,34 м, со дијаметар 0,23 м однадвор и 0,20 м однатре). Изграден е во турско време (ⅩⅤⅠ в.) за потребите на турската касарна на Скопското Кале и на Старата скопска чаршија. ЛИТ.: К. Петров, Аквадуктот крај Скопје и проблемот на неговото датирање, МакНас, 7, Скопје 1998, 86-111; Н. Катанић – М. Гојковић, ГраÚа за проучавање старих камених мостова и акведуката у Србији, Македонији и Црној Гори, Београд, 1961. В. Л.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.