АКАКИЈ

АКАКИЈ – јеромонах и игумен (мирско име Јоаникиј), ктитор на манастирската црква „Св. Никола” во с. Манастир (Мариово). Игумен станал во 1261 г. Во 1266 г. на местото на постарата изградил нова преубава црква. Во 1271 г. овозможил црквата да биде живописана, со посредство на ѓаконот Јован, веројатно иста личност со ѓаконот Јован Педијасим (референдар на Охридската архиепископија). Ктиторот јеромонах Акакиј е насликан со моделот на црквата в раце, како предводен од св. Никола, патронот на црквата, му ја подарува црквата на Исус Христос.ЛИТ.: Д. Коцо – П. Миљковиќ-Пепек, Манастир, Скопје, 1958; Ф. Баришић, Два грчка натписа из Манастира и Струге, „Зборник радова Византолошког института”, 8/2, Београд, 1964, 13-27; В. Ј. –урић, Византијске фреске у Југославији, Београд, 1974; З. Расолкоска-Николовска, Ктиторскиот портрет во ѕидното сликарство во Македонија, Цивилизации на почвата на Македонија, МАНУ, Скопје, 1995. З. Р.-Н.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.