АДМИНИСТРАТИВНО-ЦЕНТРАЛИСТИЧКИ СИСТЕМ НА УПРАВУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА

АДМИНИСТРАТИВНО-ЦЕНТРАЛИСТИЧКИ СИСТЕМ НА УПРАВУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА (1945-1953). Се карактеризира со државно управување на стопанството и со административно регулирање на земјоделството од страна на државната власт. Државното управување со стопанството настана како резултат на државната сопственост врз средствата за производство и тешките услови за обнова и изградба на земјата. Врз основа на државниот монопол врз средствата за производство, државата стана основна сила во општеството. Во симбиоза со КПМ, таа управуваше со стопанството и со општеството во целина на централистички начин и врз основа на сеопфатен државен план. Во таков систем на раководење со стопанството секое претпријатие се третираше како државен орган во стопанството и беше наполно подредено на некоја од генералните дирекции, како облици на административно раководење со група истородни претпријатија (АОР). Раководна улога во управувањето со стопанството имаа сојузните централни органи. Административното регулирање на земјоделството се јави како продолжена рака на државното управување со стопанството. Државниот апарат со многубројни прописи регулираше голем број прашања: задолжителен откуп на земјоделските производи за прехрана на градското население и на војската и снабдува-ње на индустријата со земјоделски производи; планско одвивање на сеидбата; рационирање и планска распределба на постојните количества земјоделски производи; определување стокови контигенти на земјоделски производи за одделни делови на земјата и др. Државата беше присилена овие прашања да ги регулира со свои прописи, би-дејќи се закануваше опасност од глад на населението. Кон укинување на рационираното снабдување со прехранбени производи се пристапи во текот на 1949 г., а кон укинување на задолжителниот откуп на земјоделските производи во 1951 г. Од 1953 г. е воведено самоуправувањето. ЛИТ.: Светомир шкариќ, Уставно право на СФРЈ, прва книга, Скопје, 1986. Св. ш. Адмирал, дневна пеперуга АДМИРАЛ (Ванесса аталанта Л.) – дневна пеперуга. Средно голема, со устен апарат за лижење. Се храни со нектар и растителни сокови. Лета многу живо, по сончеви и цветни ливади. Се појавува од мај до октомври. Распространета е низ цела Европа. Во Македонија е забележана како лета поединечно.ЛИТ.: Јосеф Тхурнер, Дие Лепидоптеренфауна Југослањисх Мазедониенс. И. Рхопалоцера, Грѕпоцера унд Ноцтуидае, Посебно издание, Ацта. Мус. Мац. Сци. Нат., Скопје, 1964; Лионел Г. Хиггинс анд Норман Д. Рилеѕ, А фиелд гуиде то тхе Буттерфлиес оф Бритаин анд Еуропе, Лондон анд Гласгоњ, 1970; Паул Сцхеидер – Предраг Јакšиц, Дие Тагфалтер вон Југослањисцх Мазедониен Дурина (Рхопалоцера унд Хеспериидае), Мüнцхен, 1990. В. Т. К. – М. Кр. Али Ахмад Саид Есбер Адонис

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.