АДМИНИСТРАТИВНО-ТЕРИТОРИЈАЛНА ПОДЕЛБА НА ВАРДАРСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛАСТА НА СРБИЈА,БУГАРИЈА И КРАЛСТВОТО НА СХС

АДМИНИСТРАТИВНО-ТЕРИТОРИЈАЛНА ПОДЕЛБА . –
на Вардарскиот дал на Македонија под власта
на Србија, Бугарија и Кралството на СХС/
Југославија
(1912–1915; 1915–1918; 1919–април 1941). Од
1912 до 1915 г. Вардарскиот дел на
Македонија бил окупиран од Србија.
Административно-територијално била поделена
на 7 окрузи, а овие на околии и општини. Од
есента на 1915 до есента 1918 г.
Вардарскиот дел на Македонија бил окупиран
од Бугарија, прогласен за единствена воено-
административна управна област под име
„Македонска вое-но инспекциска
област” (МВИО). Таа била поделена на 9
окрузи, од кои 7 биле целосно на македонска
територија. Од 1918 до април 1941
г. Вардарскиот дел на Македонија бил во
составот на Кралството на СХС/ Југославија.
Во почетокот бил поделен на 7 округа,
околии и општини. Со Уставот од 28. Ⅵ
1921 овој дел на Македонија бил
Административно-територијална поделба на
области на Вардарскиот дел на Македонија
поделен на 3 области: Битолска, Брегалничка
и Скопска, а овие на околии (31) и општини.
Со Законот за „името и поделбата на
Кралството на управни подрачја” од 3. Ⅹ
1929 г. Вардарскиот дел на Македонија е во
составот на Вардарска бановина и бил
поделен на 29 околии и општини. ЛИТ.:
Надежда Цветковска, Локалната управа во
Вардарскиот дел на Македонија меѓу двете
светски војни (1919–1941), „Историја”, бр.
1-4, Скопје, 1988/1989. Н. Цв.