АДЕМИ, Бурхан

АДЕМИ, Бурхан (Гостивар, 4. Ⅰ 1930) – учител и политичар. По Ослободувањето ја завршил гимназијата во Гостивар (1947) и бил примен за член на СКОЈ (1946/ 47). Веднаш потоа се вработил како учител, потоа како наставник делението за просвета на Собранието на Општината во Гостивар (1947-1958). Како член на СКМ (1951), вршел разни општествени и политички функции: претседател на Општинскиот комитет на младината и член на Секретаријатот на Околискиот комитет на младината во Гостивар, член на ЦК на младината на Македонија, член на Главниот одбор и претседател на Општинската конференција на ССРНМ (1960-1962), член на Главниот одбор на ССРНМ и секретар на Околискиот комитет на СКМ во Гостивар. Ја завршил Високата школа за политички науки во Белград и потоа бил началник на Одделението за општествени служби при Собранието на Општината Гостивар, политички секретар на Општинскиот и на Околискиот комитет на СКМ во Гостивар, член на ЦК на СКМ, во два мандати потпретседател на Републичкиот совет на ССМ, пратеник во Собранието на СРМ и СФРЈ, претседател на Комисијата за следење и остварување на Законот за здружен труд, на Комисијата за деловнички прашања и на Административната комисија на Собранието на СРМ и во два мандати потпретседател на Собранието на СРМ, секретар и претседател на Републичката конференција на ССРНМ. Бил учесник на повеќе конгреси на СКМ и на Ⅻ конгрес на СКЈ. ЛИТ.: Биографија на Бурхан Адеми, „Нова Македонија”, ЏЏЏВИИИ, 12714, Скопје, 16. Ⅵ 1982, 3; (Бурхан Адеми), „Нова Македонија”, 14. Ⅵ 1985. С. Мл.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.