//АДВОКАТУРАТА ВО МАКЕДОНИЈА

АДВОКАТУРАТА ВО МАКЕДОНИЈА

АДВОКАТУРАТА ВО МАКЕДОНИЈА -. организација на лицата што извршуваат адвокатска дејност. Основите на адвокатурата во Македонија се поставени во Правилата (Уставот) на Македонскиот востанички комитет од 1878 г. Со овој акт за прв пат се гарантираат правото на обвинетиот на одбрана и правото на бранител пред судот. Во периодот меѓу двете светски војни во Вардарскиот дел на Македонија работеле повеќе од 160 адвокати. Меѓу нив се истакнувале: Јован Алтипармаков од Битола, Илија Коцарев од Охрид, Јанко Цаца од Прилеп, Илија Челиманов од Струмица, Василие Стефановски од Скопје и Кадри Салих од Тетово. Во времето на Втората светска војна работеле повеќе адвокати, меѓу кои и: Григор Анастасов, Кирил Дрангов, Благој Поп-Панков, Борислав Благоев, Киро Глигоров и Крум Органџиев. На третата седница одржана на 2-3. IX 1944 г., Президиумот на АСНОМ донесе одлука да се воведе адвокатурата како слободна професија и како дел од правосудството на ДФМ. Уставот на РМ од 1991 г. ја определува адвокатурата како самостојна и независна јавна служба што обезбедува правна помош и врши јавни овластувања во согласност со закон. Во периодот од 1. Ⅰ 1953 до 1. Ⅻ 2006 г. во Именикот на адвокатите се запишани 2.249 лица. ИЗВ.: Адвокатурата во Република Македонија (1945-2005), Скопје, 2005. Св. ш. и Гор. Л.-Б. Бурхан Адеми

2019-01-05T18:11:34+00:00 0 коментари