АДВЕНТИСТИЧКА ЦРКВА во Македонија

АДВЕНТИСТИЧКА ЦРКВА во Македонија. – христијанска секта што проповеда брзо доаѓање на Христос на земјата. Адвентизмот е пренесен во Македонија во 1920 г. Членството се придржува кон строги правила на живот, кои вклучуваат воздржување од алкохол и тутун и целосно посветување на Бога во седмиот ден од седмицата (саботата). Постојат две адвентистички цркви: Христијанска адвентистичка црква (Црква на адвентистите на седмиот ден) со околу 1.000 верници, и Христијанска адвентистичка црква со околу 4.000 верници, двете со седиште во Скопје. ЛИТ.: Старк Роднеѕ, Религиоус Мовементс: Генесис, Еџодус анд Нумберс, Нењ Ѕорк, 1985; Адресар на верските заедници во Република Македонија , Скопје, 2006. М. Таш.