АДАНА

АДАНА – . македонско машко народно оро што се изведува во полукруг, со почетно држење на рацете за рамо, а кон крајот тие се слободно спуштени и се држат за китките. Се игра во 2/4 метар во умерено брзо темпо. Орото започнува со балансирање, а потоа со потскокнувања, вртења и потклекнувања. Најчесто се игра во Велешко. ЛИТ.: Михајло Димоски, Македонски народни ора, Скопје 1977, 91. Ѓ. М. Ѓ.

2019-01-05T18:11:34+00:00 0 коментари