АДАМ ОД ГОВРЛЕВО

АДАМ ОД ГОВРЛЕВО . – керамичко торзо на маж, археолошки наод од неолитската населба Говрлево, откриен во истражувањата во 2000 г. Единствен пример од неолитската епоха, со моделирање на машка статуета и сосема реален приказ на човечко тело, со прикажување на грбот со ’рбетот и тртната коска, ребрата стомакот, колковите и бедрата, со нагласување на мускулатурата и реално претставување на половиот орган. Фигурата е фрагментирано сочувана (вис. 12 цм). Нејзиниот временски контекст е 4-ти хоризонт во рамките на зрелата фаза од средниот неолит, околу 4500 пр.н.е. ЛИТ.: М. Билбија, Адам од Македонија, Бизнис Каталог – 2006, Агенција за маркетинг и издавачка дејност – Марили, 2006, 20-23. М. Билб.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.