//АДАМЧЕСКА, Снежана Миркова

АДАМЧЕСКА, Снежана Миркова

АДАМЧЕСКА, Снежана Миркова (Делчево, 8. Ⅴ 1950) – педагог, универзитетски професор. Дипломирала (1973), магистрирала (1983) и докторирала (1988) на Филозофскиот факултет во Скопје. Научен интерес $ е дидактичко-методичката проблематика, посебно иновативните техники и методи на наставата. Автор е на над 80 стручни и научни трудови и на неколку учебници за основно образование. Била продекан и в.д. декан на Филозофскиот факултет во Скопје и член на Сенатот Снежана Адамческа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”. БИБ.: Тандемската работа на учениците, 1991; Методски прирачник за ученичка лектира, 1994; Активна настава, 1996; Почетно читање и пишување, 1997 и др. ЛИТ.: Филозофски факултет во Скопје: 1920–1946–2006, Скопје, 2006, 205. К. Камб.

2019-01-05T18:11:34+01:00 0 коментари