АДАМЧЕВСКИ, Мирче

АДАМЧЕВСКИ, Мирче (Скопје, 25. XI 1949) – новинар. Дипломирал на Технолошкиот факултет во Скопје. Најголем дел од работниот век (1979-2004) го минал во „Нова Македонија”. Го уредувал прилогот „Економија и пазар”. Во периодот 1993-1999 г. е дописник од Москва. По враќањето е уредник-коментатор во Надворешнополитичката и Стопанската рубрика. Во последните години на „Нова Македонија” главен и одговорен уредник. Автор е на публикацијата „Македонско-руска соработка” (јануари 2003). Еден од основачите и прв главен уредник на списанието за градежништво, архитектура, екологија и инвестиции „Порта 3”. Од април 2006 г. претседател на Советот за радиодифузија на РМ. Б. П. Ѓ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.