АГРИЈАНИ

АГРИЈАНИ (Граи) – пајонско племе, кое ги населува териториите во горниот тек на реката Стримон (според Тукидид). Херо-дот ги спомнува меѓу племињата што не ги покорил персискиот војсководец Мегабаз (В в. пр.н.е.). Во времето на Филип Ⅱ биле македонски сојузници. Нивниот владетел Лангар со најдобрите војници му се придружил на Александар Македонски против илирското племе Автаријати. Во Александровиот поход учествувал под заповедништво на Атал. Како наемници се спомнуваат во војските на дијадосите (крај на Ⅲ в. пр.н.е.) во Египет, кај Антигон Досон, Антиох Ⅲ, но и во војските на последните македонски цареви ФилипⅤи Персеј (поч. во Ⅱ в. пр.н.е.). Последен пат се спомнуваат во 169 год. н.е. како војници што се борат за градот Касандреја. ЛИТ.: Тхуцидидес, Ⅱ, 96, Харвард Унивесситѕ Пресс, 1958; Херодотус, В, 16.1, Лоеб Цлассицал Либрарѕ, Харвард Университѕ Пресс, 1961; Е. Петрова, Пајонија,Скопје, 1999. А. шук.

2019-01-05T18:11:34+00:00 0 коментари