АГРЕСИЈА ВРЗ РМ

АГРЕСИЈА ВРЗ Република Македонија – ( 2001 – примена на вооружена сила преку упатување вооружени банди, групи, нерегуларни или изнајмени војници од Косово како дел од РС (по 1999 г. под протекторат на ООН), против суверенитетот и територијалниот интегритет на РМ, забранета со Повелбата на ООН. Овој факт е констатиран во Резолуцијата 1345 (21. Ⅲ 2001) на Советот за безбедност на ООН со формулацијата „извршители на насилството во Република Македонија се албански Македонските бранители во акција (2001) ходно е извршена агресија врз СРЈ од страна на 19 држави-членки на НАТО (без одобрение од Советот за безбедност на ООН) при што се извршени тешки повреди на повеќе гранки на меѓународното право, особено хуманитарното, со последици во однос на целокупниот меѓународно-правен поредок и еколошка катастрофа со регионални размери. Во текот на траењето на агресијата (22. Ⅲ – 10. Ⅵ 1999), во Република Македонија се стационираат НАТО трупи со различен состав, мандат и траење. ЛИТ.: Митре Арсовски – Стојан Кузев -Ристо Дамјановски, Војната во Македонија во 2001 година, Скопје, 2001; Татјана Петрушевска, Нападот на НАТО врз СРЈ -преседан во функционирањето на меѓународната заедница, „Македонско време”, Скопје, 1999. Т. Петр.