АГРАРНА СТРУКТУРА – составен дел на економската структура со која земјоделството е поврзано во процесот на репродукцијата. Таа е збир на производните односи во земјоделството на одреден степен на развој на производните сили. До 1990 г. во Република Македонија имаше 211 земјоделски стопанства во општествена сопственост, 147 агрокомбинати и 64 земјоделски задруги, во кои работеа околу 30.000 лица. Во 1993 г. започна процес на приватизација на претпријатијата што стопанисуваат со земјоделско земјиште. Индивидуалните земјоделски стопанства, чиј број изнесува 180.000, поседуваат околу 450.000 ха, со просечна големина на поседот од 2.5 ха, а во структура учествуваат: со 82% во обработливото земјиште, со 63% од долгогодишните насади, со 93% од ливадите, со 14% од пасиштата, со 60% од капацитетите во рибарството, со 95% од вкупниот број говеда, со 62% од бројот на свињите, со 92% од овците и со 60% од живинарството. Др. Ѓош.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.