АГРАРНА ПОЛИТИКА

АГРАРНА ПОЛИТИКА – дел од економската политика што се применува во земјоделското производство од одредена држава или заедница. Во Република Македонија, сћ до нејзиното осамостојување како држава, се водеше аграрна политика што се однесуваше за цела Југославија. Од 1991 г. РМ води сопствена аграрна политика. Со потпишувањето на билатералните договори за слободна трговија со: Словенија и Србија и Црна Гора (1996); Хрватска (1997); Бугарија и Турција (1999); Украина и земјите на Европската асоцијација за слободна трговија (2001); Албанија и Босна и Херцеговина (2002); Романија (2003); и Молдавија (2004); потоа со вклучувањето во Светската трговска организација (2003) и со апликацијата за членство во ЕУ (2004), аграрната политика на РМ започна со приспособување кон заедничката аграрна политика на земјите-членки на ЕУ (ЦАП). Др. Ѓош.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.