АГО, Ариф

АГО, Ариф (Ариф Аго) (Охрид, 1935) – универзитетски професор од турската националност во РМ. Завршил Филолошки факултет во Белград, докторирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Работел како професор на ПедагоАриф Аго шката академија „Климент Охридски” во Скопје. Бил главен и одговорен уредник на редакцијата „Бирлик”. Од 1979 г. до пензионирањето е во наставнички звања предавач, виш предавач, вонреден и редовен професор на Катедрата за турски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје, три мандата бил продекан на истиот факултет и визитинг-професор на Универзитетот Лунг во шведска. Има објавено бројни стручни и научни трудови од областа на литературата на турската националност во РМ, составувач е на букварот на турски јазик, турската граматика, раководител на повеќе научни проекти од дијалектологијата на турскиот јазик и турската литература. Учесник на повеќе меѓународни конгреси и научни собири, симпозиуми во земјава и во странство. ИЗВ.: Универзитет Кирил и Методиј, Бил-тен, 1996. А. Аго Иван Серафимов Аговски