АГАТИЈ

АГАТИЈ (ќАгаљаз) ??? (ок. 536–582) – византиски историчар и поет, родум од Мала Азија. По завршувањето на студиите по книжевност во Александрија и право во Бејрут, се занимава со адвокатура во Цариград. Автор е и на историското дело во пет книги За Јустинијановото владеење, коешто содржи единствени вести за настаните од 552–558 г. ИЗВ.: Византиски извори за историју народа Југославије, И, Београд, 1955. ЛИТ.: Волфганг Бухвалд, Армин Холвег, Ото Принц, Речник грчких и латинских писаца антике и средњег века, Београд, 1984. Б. Р.-Ј.

2019-01-05T18:11:33+01:00 0 коментари