АВСТРОУНГАРСКОРУСКА ТАЈНА КОНВЕНЦИЈА (Будимпешта, 3/15. Ⅰ 1877) – меѓудржавен договор за балканското владеење на Османлиската Империја. Со неа било договорено во случај на војна на Русија против Османлиската Империја и територијални промени Австро-Унгарија да ја окупира Босна и Херцеговина, а Русија да ја окупира Бесарабија. На Балканот се исклучувало создавање словен-ска или друга голема држава; Бугарија, Албанија и другиот дел од Румелија (Македонија) можеле да станат независни држави, а Тесалија, дел од Епир и островот Крит да се соединат со Грција. Цариград со блиската територија, чии граници би се определиле, можел да стане слободен град. ЛИТ.: Македонија во меѓународните договори 1875-1919. Избор, редакција и коментар д-р Александар Христов и д-р Јо-ван Донев, Скопје, 1994. М. Мин.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.