//АВСТРИСКО-ОСМАНЛИСКИТЕ ВОЈНИ И МАКЕДОНИЈА ВО

АВСТРИСКО-ОСМАНЛИСКИТЕ ВОЈНИ И МАКЕДОНИЈА ВО

АВСТРИСКО-ОСМАНЛИСКИТЕ ВОЈНИ И МАКЕДОНИЈА ВО ( – ⅩⅧ век во времето на војната од 1683 г. на сојузот „Света лига”, јужното крило на австриската војска кон крајот на септември 1689 г. продрело во северниот дел на Македонија, каде што избувнало востание предводено од мартолозбашијата Карпош со околу 3.000 востаници и бунт на Иво Штипјанецот со околу 500 востаници. Во почетокот на 1690 г. австриската војска била поразена кај Качаник и присилена на повлекување. Во времето на војните (1716-1718 и 1737-1739), охридскиот архиепископ Јоасаф Ⅱ воспоставил тајни врски со Австрија, но не успеал да ја придобие Хабзбуршката монархија за ослободување на Македонија и другите христијански земји на Балканот под власта на Османлиската држава. Во Австро-османлиската војна (1788-1791) во доброволечките одреди (фрајкори) се вклучиле повеќемина Македонци од Мавровско-реканскиот крај, Дебар, Охрид и други места на Македонија. Некои се стекнале со високи воени чинови. Во ⅩⅠⅩ в., во времето на кризата 1875-1878 и потоа Хабзбуршката монархија водела политика на задржување на Македонија под власта на Османлиската држава за зачувување на нејзината територијална целост. ЛИТ.: Јосепх вон Хаммер, Хисторија Турског/Османског царства, том 2 и 3 (Пријевод и стручна редакција Неркез Смаилагиќ), Загреб, 1979; Д-р Душанка БојаниÊ, Устанак Карпоша 1689. године, Македонски оружани устанак против Турака у доба Аустротурског рата крајем 17. века, „Весник”, 17, Војни музеј, Београд, 1971. М. Здр.

2019-01-05T18:11:32+01:00 0 коментари