АВРАМЧЕВ, Владимир

АВРАМЧЕВ, Владимир (с. Стојаково, Гевгелија, 1. IX 1939) – керамичар. Студирал на Академијата за применета уметност во Бел-град, Отсек керамика. Создава пластични асоцијативни форми со духовити решенија и примеси на фантастика, кои се движат меѓу применетата и ликовната уметност. Излагал самостојно и на колективни изложби во Скопје и во стрßанство. Добитник е на повеќе македонски и странски награди и признанија. ЛИТ.: Владимир Величковски, Владимир Аврамчев, Скопје, 2004. Ал. Цв.