АВРАМЧЕВ ВЛАДИМИР

АВРАМЧЕВ, Владимир (с. Стојаково,
Гевгелија, 1. IX 1939) – керамичар.
Студирал на Академијата за применета
уметност во Бел-град, Отсек керамика.
Создава пластични асоцијативни форми со
духовити решенија и примеси на фантастика,
кои се движат меѓу применетата и ликовната
уметност. Излагал самостојно и на
колективни изложби во Скопје и во
стрßанство. Добитник е на повеќе македонски
и странски награди и признанија. ЛИТ.:
Владимир Величковски, Владимир Аврамчев,
Скопје, 2004. Ал. Цв.