АВРАМОВСКИ, Драгутин Гуте

АВРАМОВСКИ, Драгутин Гуте (Куманово, 11. Ⅲ 1931 – Скопје, 12. IX 1986) – сликар, графичар, сценограф, професор на Факултетот за ликовна уметност во Скопје. Дипломирал на Академијата за применета уметност во Загреб (1955). Имал ретроспективна изложба во Скопје (Музеј на современата уметност, 2002). Гуте Оставил значаен белег во рамките на енформелот и лирската апстракција во сликарството и графиката (Композиција, 1959; Гот-ска катедрала, 1961; Студија бр. 27, 1962). З. Ал.-Б. Ристо Аврамовски

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.