АВЗИУ, Сервет

АВЗИУ, Сервет (с. Мала Речица, Тетовско, 1. Ⅹ 1946) – политички деец, новинар и стопанственик. Завршил Земјоделско-шумарски факултет во Скопје (1969). Бил член и секретар за земјоделство во Извршниот совет на Собранието на Општината Тетово и директор на Центарот за унапредување на индивидуалното земјоделство во Тетово. Извесно време бил новинар во РТВ Скопје и раководител на Претставништвото на ОП „Еренику комерц” – Скопје во Тетово, а потоа (како кандидат на ПДП-НДП) министер без портфељ во Владата на РМ. С. Мл. Авијација во земјоделството