АВГУСТ ГАЈ ЈУЛИЈ ЦЕЗАР ОКТАВИЈАН

АВГУСТ ГАЈ ЈУЛИЈ ЦЕЗАР ОКТАВИЈАН (64 г. пр. н.е. – 14 г. н.е.) – римски император (27 г. пр. н.е. – 14 г. н.е.), внук на Јулиј Цезар и негов наследник. Со Антониј и со Лепид го основал Вториот триумвират (43), а по битката кај Акциј (31) станал единствен владетел во римската држава. Во 27 г. Сенатот му ја доделил титулата август („возвишен”). Ги презел сите републикански овластувања, а во Сенатот бил принцепс (прв), римската држава се претворила од република во монархија. Тоа уредување било наречено принципат. Владеењето на Ав-густ се смета за најсветол период во римската историја. По смртта бил славен како божество. ЛИТ.: А.Х.М. Јонес, Аугустус, Лондон 1970; А. Массие, Аугустус, Лондон, 1987. К. Аџ. Алија Авдовиќ